Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес потврди дека се разменети одредени пораки меѓу Иран и САД, и директно и преку посредници, нагласувајќи дека тоа не значи дека САД и Иран преговараат.
– Добив пораки директно од (специјалниот претставник на САД) Стив Виткоф, но тоа не значи дека преговараме, рече Аракчи, според Ал Џезира.
„Нема вистина во тврдењата за преговори со некого од Иран. Сите пораки се разменуваат преку Министерството за надворешни работи и нема комуникација меѓу безбедносните агенции“, рече Аракчи.
Тој нагласи дека Техеран не одговорил на ниту еден од „15-те предлози на САД“, ниту пак самиот презентирал никакви предлози и услови.
Тој изјави дека сè уште нема конечна одлука за преговорите со САД и дека има „резерви“ во врска со ова.
Аракчи нагласи дека Иран ќе прифати само целосен прекин на непријателствата во регионот, но не и прекин на огнот.
