Апсурдна потрага: Се барала себе си

Од:

Туристка од Азија, која била прогласена во текот на претходниот викенд во Исланд за исчезната, учествувала во потрагата по самата себе си.

Таа се симнала од автобусот со кој патувале туристите од нејзината група, на пауза крај еден исландски кањон, да се одмори, при што се пресоблекла и се вратила назад.

Откако возачот на автобусот, во кој таа патувала, забележал како излегла од автобусот, но не и како се вратила, бидејќи не ја препознал, пријавил во полиција.

Тие веднаш започнале истрага, по девојка од азиско потекло, околу 160 сантиметри висока, на возраст помеѓу 20 и 30 години. Во акцијата учествувале околу 50 спасувачи, исландската крајбрежна стража и хеликоптерот кој бил вратен веднаш по полетувањето поради лошата видливост.

Целиот автобус се впуштил во потрага по изубената патничка во кањонот, при што и самата таа се барала себе си. Таа не можела да знае дека нејзе ја бараат, поради јазичните бариери, но откако сфатила, самата се пријавила, по што потрагата била запрена.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ