Шефот на тајландската полиција Чакптип Чаиџинда денеска потврди дека се приведени повеќе лица кои Военниот суд ги обвинува за кршење на законите кои забрануваат каков и да е негативен коментар за тајландскиот крал и неговото семејство.
Чанџинда рече дека од слобода се лишени „угледни личности од политичкиот живот и неколку високи офицери на тајландската полиција“, но одби да го соопшти точниот број и имињата на приведените.
Спред законите за заштита на угледот на кралот и монархијата, обвинетите можат да добијат казна затвор од три до 15 години.
Приведените во последната полициска акција веројатно ќе се соочат со поголеми затворски казни, бидејќи нивното приведување денеска лично го оправда потпретседателот на сегашната влада, генералот Правит, кој е и министер за одбрана на Тајланд.
Пред извесно време, шефот на воениот удар од мај минатата година, а сега претседател на Владата, генералот Прајут изјави дека заштитата на името и угледот на монархијата е приоритетна задача на властите.