Дека чуда се случуваат во развојот на технологијата во денешниот свет докажува и фактот дека директерот на компанијата од Купертина, Тим Кук се извини за пропустите во апликацијата Apple Maps.
„Ние во Ејпл правиме се за нашите производи да бидат најдобри за нашите клиенти. Но, старувањето на нашата нова „Apple Maps“ апликација, минатата недела, не го исполни нашето ветување. Ние многу се извинуваме и многу ни е жал за сите фрустрации кои овој наш пропуст ги предизвика кај вас. Правиме се за да ги корегираме пропустите“, изјави Кук.
Досега постојат 100 милиони корисници што ја користат оваа апликација, а дали ќе му простат за пропустот или не за грешката сека одлучувачки е фактот дека уште за „Ајфон 4“, пред две години, сега починатиот Стив Џобс одржа прес-конференција за да го објасни она што предизвикува проблемот со апликацијата „мапи“ во Ајфонот.