Американскиот технолошки гигант Apple го претстави новиот компактен таблет iPad mini, кој е опремен со екран со дијагонала од 7,9 инчи, што е околу два инча помалку од другите таблети на компанијата.
Минатата седмица најавениот и долго очекуваниото новитет го претстави потпретседателот на Apple за маркетинг Филип Шилер на прес-конференцијата во Сан Хозе.
Новиот уред ќе треба да се натпреварува со поевтините Android таблети, чијашто цена за моделот со основната конфигурација не надминува 200 американски долари. Имено, овие модели кои се продаваат по цена блиска на износот на трошоците за нивното производство, е првенствената закана за позициите на серијата iPad на светските пазари.
Основната заработка на Apple произлегува од продажбата на уредите, па така компанијата не ќе може и овојпат да се вклучи во војната со цените на производите. Сепак, според експертите, дури и по цена од 50 до 100 долари повисока од конкурентските производи, iPad mini ќе освои голем удел од пазарот на компактните таблети благодарејќи на силата на својот бренд и моќниот систем, особено поголемиот директориум на апликациите.
Резолуцијата на дисплејот на iPad mini изнесува 1024 со 768 пиксели, исто како и кај првите две генерации iPad со целосна големина. Сепак, за сметка на помалата површина на екранот густината на пикселите во новиот модел во долниот дел е поголема.