Апелирал за толеранција, па добил ќотек

Од:

Францускиот уметник на графити, познат како Комбо, бил претепан од банда насилници затоа што одбил да го отстрани неговиот графит со кој повикува на „единство мулиманите, христијаните и евреите“.

Графитот содржи автопортрет во природна големина на авторот, негов потпис и зборот „COEXIST“ (коегзистенција) каде буквата „C“  е заменета со муслиманската полумесечина, буквата „X“ со Давидовата ѕвезда, а буквата „Т“ со крст.

Уметникот што туку ја завршил работата на графитот, кога четворица момчиња побарале од него да го отстрани. Кога тој тоа го одбил, тие го нападнале. Како последица на нападот Комбо се здобил со скрешно рамо и модрици по лицето.

– Беа лути дека не попуштив, па ме оставија да крварам и избегаа, напиша Комбо на својот профил на Фејсбук.

Тој одби да го открие идентитетот на напаѓачите, затоа што, како што рече, „не сака да долева масло на огнот“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата