Антивладини протести во Чешка

Од:

Десетици илјади Чеси вечерава протестираат во центарот на Прага барајќи оставка од премиерот Андреј Бабиш и да врати 18 милиони евра дотации, што Европската Унија ги бара назад од Чешка, по извештајот од ревизорот на Европска комисија, во кој се наведува дека премиерот има судир на интереси.

Граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“, која организира протести против Бабиш од пролетта, вечерава организира вонреден протест затоа што врховниот државен обвинител, минатата недела го обнови кривичното гонење против Бабиш, што беше стопирано пред неколку месеци поради малверзации со два милиона евра дотации за семејната фирма „Гнездото на штркот“.

Втор повод за протестот е протекувањето во јавност на заклучокот од доверливиот извештај на ревизорот на ЕК дека Бабиш има судир на интереси, бидејќи и понатаму има контрола над својот концерн „Агроферт“.

Според полицијата во протестот учествуваат околу 30.000 луѓе, додека според организаторот – 80.000.

Граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“ планира од следната недела да ја повика опозицијата да се придружи на протестите.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница