Повеќе стотици демонтранти денеска се собраа пред комплексот универзитети во Бангкок, барајќи заминување на Прајута Чан-оче од премиерската функција, донесување на нов устав и одржување на избори.
На протестот покрај струдентите, кои беа иницијатори на антивладините демонстрации на средината од летото, присуствуваат и луѓе од другите градови.
Дел од лидерите на протестот бараат и реформи со кои ќе биде ограничена моќта на монаријата предводена од кралот Маха Ваџиралонгкорн.
На најголемите досега антивладини протести минатиот месец во Бангкок протестираа 10.000 луѓе, а оргнизаторите денеска очекуваат многу поголем број.