Антикорупциска операција во трите најголеми телевизии во Италија

Од:

Италијанската финансиска полиција утрово започна голема антикорупциска операција против трите најголеми телевизиски мрежи во Италија, соопштија извори на Римското обвинителство.

Моментно службеници на специјализираниот оддел за даночен криминал на финансиската полиција вршат претреси во 60 објекти на италијанската национална телевизија РАИ, на Медиасет, која е сопственост на Силвио Берлускони, и на Ла7 (Ла Сете), сопственост на компанијата „Каиро комуникејшн“, чиј претседател е Урбано Каиро.

Обвинителот Паоло Иело покренал обвиненија против 44 лица кои се на раководни функции во телевизиите. Според него, тие земале поткуп од неименуван бизнисмен, со цел да договорат тендери во негова корист. Поткупот бил исплаќан преку фалсификување на фактури, но во некој случаи биле во форма на платени одмори, авионски карти или вработување на препорачани лица од страна на соучесниците.

Засега трите телевизии не даваат никаков коментар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале