Антиисламската и антиемигрантска партија АФД со рекорден рејтинг

Од:

Според последната анкета на германската национална телевизија АРД антиисламската и антиимигранската партија „Алтернатива за Германија“ (АФД) има рекорден рејтинг од 15 отсто на федерално ниво, јави дописникот на МИА од Белрин.

Партијата која што е основана во 2013 година и која на почеток се залагаше за излегување од еврозоната, а подоцна за централни точки на својата политика ги презема прашањата за бегалците и исламот во земјата има само 5 отсто помалку од втората најмоќна германска партија СПД. Покрај социјалдемократите, пад на рејтингот доживува и најголемата партија ЦДУ на канцеларката Меркел која сега има 33 проценти рејтинг.

Според анкетата, дури 52 отсто од испитаниците не се задоволни од работата на Владата, а најпопуларен политичар е министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер од СПД со 70 проценти од граѓаните кои што имаат позитивен став за неговата работа.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски