Хакерската група Анонимните изврши кибер-напади врз сервери во Кипар при што блокирани вчера биле околу 47 сајтови, јавуваат кипарски медиуми.
Како резултат од нападот извршен попладнето, блокирани биле и страниците на Министерството за надворешни работи, за одбрана, за трговија, за полиција и на претседателот.
Според експерти, постојат докази дека зад хакерскиот напад стои меѓународната група Анонимните, и повод е претстојното ротациско претседателствување со Европската унија, кое Кипар ќе го преземе од 1 јули.