Чешката полиција трага за бомби кои според анонимна дојава треба да експлодираат на пладне или попладне на најмалку десет места ширум земјата.
Според анонимната дојава бомби се поставени и на железничките станици во Прага и во Пизен, како и во седиштето на градските власти во Пардубица, источна Чешка.
– Анонимно лице по телефон не извести за подметната бомба во Прага на Главната железничка станица и на други места во Чешка, изјави портпаролката на чешката полиција Маркета Јановска.
Полицијата не откри каде евентуално се поставени бомбите, но Чешкото радио јави дека полицијата ја евакуира зградата на градските власти во Пардубица, а Чешките железници ги известија патниците дека на половина час ќе биде затворена железничката станица во Прака, во Пизен, западна Чешка и во Пардубица.