Анкваб: Обид за државен удар во Абхазија

Од:

Опозициски демонстранти во текот на ноќта насилно влегоа во зградата на Претседателството на отцепената грузиска Република Абхазија, што претседателот, Александер Анквап го оцени како обид за државен удар, јавија денеска руските новински агенции.

Набрзо се појавија и информации дека претседателот Анкваб побегнал од земјата, но тој таквите наводи ги отфрли во телевизиското обраќање до нацијата, пренесува Танјуг.

– Не заминав, се уште сум во Абхазија. Безбедносните сили останаа лојални на државата и преземаат мерки да се стабилизира состојбата, изјави Анквап.

Тој рече дека во текот на ноќта е направен обид за „оружен државен удар“.

Руските медиуми претходно соопштија дека опозициските групи ја презеле контролата на Претседателството после демонстрациите на кои учествувале околу илјада луѓе, по што Анкваб бил принуден да побегне.

Еден од лидерите на опозицијата Раул Каџимба на насобраниот народ им изјави дека Координативниот совет „го презел раководството со Републиката“.

Абхазија единствено е призната од Русија, а во 2008 година беше водена крткотрајна војна меѓу Русија и Грузија, кога руските сили влегоа во уште една отцепена грузиска Република, Јужна Осетија, со цел да го осуетат обидот на грузиските власти да ја вратат контролата на тој регион.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски