Анкети: Крајно десничарскиот Националeн фронт ќе биде победникот на европските избори во Франција

Од:

Листите на крајнодесничарскиот Национален Фронт во осумте изборни единици на Франција за европските избори, според последните испитувања на јавното мислење се очекува да бидат победници на гласањето закажано за 25 мај.

Како што јавува дописникот на МИА од Париз, листите на Националниот Фронт се очекува да освојат 23 отсто од гласовите, пред партијата од опозицијата УМП (десница) 21 отсто од гласовите и листите на социјалистите кои се кредитирани со само 16 отсто од намерите на гласачите.

Европа-Екологија-Зелени се очекува да освои 8,5 отсто од гласовите, листата на центарот УДИ-МОДЕМ 8 отсто и Дебу ла Републик (Простум Република) 3 отсто од гласовите.

Според анкетата објавена за радиото РТЛ и неделникот „Нувел Обсерватор“, 56 отсто од Французите изјавиле дека се интересираат за европските избори, додека 44 отсто го изјавиле спротивното.

Според проценките НФ според овие намери на гласачите, НФ би требало да има дваесетина европратеници. Но, за да создаде пратеничка група има потреба од вкупно 27 европратеници од седум различни земји членки на ЕУ. Досега националистичките, крајно десничарските или еврофобските европратеници немаат успеано да создадат парламентарна група.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм