Анкета: Во Израел, 0,01 процент од луѓето се заразиле со коронавирусот по вакцинирањето

Од:

Прелиминарни бројки објавени од ХМО Макаби, втора водечка агенција за осигурување во Израел, покажуваат дека помалку од 0,01 процент, или само 20 од вкупно 128.600 лица кои ги примиле двете дози од вакцината на Фајзер, се заразиле со коронавирус по нешто повеќе од една недела.

Израел во моментов е меѓу светските лидери кога станува збор за брза кампања за вакцинација против коронавирусот. Граѓаните почнаа да ги примаат првите дози на вакцината на 19 декември.

Израелците секоја недела му испраќаат информации на Фајзер за кампањата за вакцинација, во согласност со договорот за соработка, што може да им помогне на другите земји да ги приспособат сопствените начини и темпото на вакцинација.

Експертите на ХМО Макаби изјавија дека ова се прелиминарни податоци, но оти бројките се охрабрувачки.

Од 20-те заразени лица, половина имела хронични заболувања. Сите имале само благи симптоми, како што се главоболка, кашлица, општа слабост и замор, но никој од вакцинираните не бил хоспитализиран или имал температура повисока од 38,5 степени Целзиусови. Повеќето биле тестирани на Ковид-19 поради контакт со заразено лице.

Повеќе од 2,6 милиони Израелци досега ја примиле првата доза на вакцината, а околу 1,2 милиони се вакцинирани со двете. Израел има околу девет милиони жители.

Израелските власти од почетокот на пандемијата пријавија околу 600.000 заразени со коронавирусот и 4.478 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег