Анкета: Речиси 82% од Русите со позитивна оцена за работата на Путин

Од:

Позитивните оценки за работата на рускиот претседател Владимир Путин во Русија се зголемила од 78,7 отсто во август на 81,8 проценти во октомври.

Мнозинството жители на Русија даваат позитивни оценки и за работата на кабинетот, покажуваат денеска објавените резултати од анкетата на ВЦИОМ, јави ТАСС.

Според резултатите рејтингот на Путин во Русија во јуни достигнал 80,5 отсто, во јули 80,6 отсто, во август 78,7 проценти, а во септември имало ново зголемување на 80 отсто.

Подобрување бележат и позитивните оценки за работата на Владата, од 53,6 отсто во август, на 53,3 отсто во октомври.

Одобрувањето на работата на Државната дума се зголемило од септември до октомври од 39,7 отсто на 45,5 проценти.

Генералниот директор на ВЦИОМ, Валериј Фјодоров ја поврзува промената во тие показатели со „почетокот на стабилизацијата на економската ситуација“ и „стабилизацијата на секојдневниот живот на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски