Анкета: Речиси 47 отсто од Американците го поддржуваат Трамп на почетокот на неговиот мандат

Од:

Речиси 47 отсто од Американците го поддржуваат претседателот Доналд Трамп, кој се врати во Белата куќа оваа недела, според анкетата на Ипсос за Ројтерс.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1.077 американски граѓани, веднаш по инаугурацијата на Трамп, а маргината на грешка е околу четири процентни поени.

Тоа покажа дека неговата популарност е поголема отколку што беше во поголемиот дел од неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година.

Истражувањето исто така покажа дека на Американците не им се допаѓаат некои од неговите рани потези, наведува агенцијата. Речиси 58 отсто од испитаниците рекле дека Трамп не треба да ги помилува сите осудени за злосторства извршени за време на нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Трамп помилува речиси 1.600 лица обвинети за учество во нападот во Капитол и им ги ублажи казните на 14 водачи, само неколку часа по преземањето на функцијата, потсетува Ројтерс.

Својот прв мандат го започна со поддршка од 43 отсто од граѓаните, која се искачи на 48 отсто до крајот на јануари 2017 година, за на крајот да се намали на 34 отсто по опсадата на Капитол и обидите да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Путин: Трамп е сериозен во врска со Гренланд

Трамп воведе тарифи, паднаа акциите на автомобилските компании: Се огласија Канада, Јапонија и ЕУ

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија и Путин можеби одолговлекуваат со мировниот договор

Путин му испрати на Трамп мистериозен подарок

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае врз луѓето на Трамп

Трамп: Гренланд може да стане дел од САД во иднина