Анкета: Повеќето Британци разочарани од Брегзит

Од:

Повеќе од половина возрасни Британци веруваат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е неуспешно, покажува најновата анкета на лондонската агенција Savanta ComRes.

Во анкетата, 52 проценти од испитаниците одговориле дека Брегзит не донел ништо, а 36 проценти оцениле дека излегувањето на Британија од ЕУ претставува успех. Дека Брегзит е неуспешен, рекоа и 32 отсто од граѓаните кои се изјаснија како поддржувачи на владејачката конзервативна партија, која беше главниот мотор за напуштање на ЕУ, како и 26 отсто од оние кои гласаа за Брегзит на референдумот во јуни 2016 година.

Истражувањето, во кое учествуваа 2.000 граѓани, сепак покажа дека добар дел од застапниците и конзервативните поддржувачи на Брегзит не се ентузијасти за животот надвор од ЕУ. Еден од пет гласачи на Конзервативната партија на премиерот Борис Џoнсон, оцени дека политиката на повторно влегување во ЕУ ќе ги зголеми шансите на таа партија на следните избори. Меѓу нив, најголем процент се помладите луѓе, на возраст под 35 години, од кои 44 проценти сметаат дека таквата политика ќе ги подобри изгледите на партијата.

За разлика од конзервативците, мнозинството гласачи на Лабуристичката партија (71 отсто) и либералдемократите (70 отсто) оценија дека Брегзит е неуспешен. Дваесет и три проценти од поддржувачите на лабуристите и 21 процент од либералните поддржувачи веруваат дека тој бил успешен.

Анкетата, исто така, покажа дека жените се значително покритични за Брегзит отколку мажите – 55 отсто од анкетираните жени изјавиле дека тој бил неуспешен, наспроти 49 отсто од мажите. Анкетата е спроведена во септември, пред партискиот конгрес на конзервативците на Џонсон.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе предложи решение за спорот од Брегзит за Северна Ирска

Ана Ололовска

Брегзит: При влез на Европејците во Обединетото кралство задолжителен е пасош

Катерина Павлова-Николовска

Брегзит може повторно да го потпали конфликтот во Северна Ирска

Ана Ололовска

Велика Британија соочена со нова политичка криза по најавата за можен нов референдум за независност на Шкотска

Старџен најави нов референдум за независност на Шкотска

Гувернер на француска Централна банка: Брегзит досега префрли 2.500 финансиски работни места во Франција

Ана Ололовска