Анкета: Паѓа рејтингот на Меркел и нејзината партија

Од:

Германската канцеларка падна на петтото место на најпопуларни политичари во редовната анкета „Политбарометар“ на државната теелвизија ЦДФ, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според анкетата објавена денеска, Меркел е зад министерот за финансии Волфганг Шојбле, шефот на дипломатијата Валтер Штајнмаер, премиерот на покраината Баден Виртенберг Винфрид Кречман од редовите на зелените и зад социјалдемократската премиерка на покраината Рајна Фалц , Малу Дрејер.

Падот на личниот рејтинг на канцеларката директно влијае и на се понискиот рејтинг на нејзината Христијанско Демократска Унија и сестринската Христијанско Социјална Унија чиј заеднчки рејтинг е за 3 проценти полош од досега најниската доверба измерена во мандатот на оваа влада.

Падот на рејтингот на Меркел и нејзината партија се должи на загриженоста за политиката кон Турција која што е главен европски и германски партнер во намалување на бегалската криза. Дури 80 отсто од испитаниците сметаат дека владата и „дала премногу концесии на автократската држава која ја предводи Ердоган“ а во која според нив не треба да се има доверба.

Дополнителна причина за падот на рејтингот на Меркел и ЦДУ/ЦСУ е одлуката на владата на барање на Турција да дозволи судење за сатиричарот Јан Бехерман, кој што јавно го исмеваше Ердоган преку државната телевизија.

Околу 62 отсто од испитаниците сметаат дека Меркел лошо го менаџирала ова прашање. Поделени се дури и членовите на нејзината партија, при што 44 проценти се согласуваат со нејзината одлука да се суди сатиричарот, а исто толкав број се против.

Анкетата е објавена на еден ден пред посетата на Меркел на Турција каде што ќе учествува на отворање на нов бегалски камп на границата со Сирија. Пред десетина дена нејзината прес канцеларија ја демантираше најавата дадена од турскиот премиер Ахмет Давутоглу за посета на Меркел на Турција.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке