Анкета: Пад на незадоволството на Германците од бегалската политика на Меркел

Од:

Последната анкета „Барометар“, која го мери јавното мислење во Германија, покажува негативен тренд кај довербата на граѓаните кон Европската Унија и кон евроскептичната партија Алтернатива за Германија (АФД), но и благ пад на назедоволството од бегалската политика на германската канцеларка Ангела Меркел.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, доколку в недела се одржат федерални избори Христијанско демократската унија (ЦДУ) би добила еден процент помалку гласови во однос анкетата во јануари и сега би освоила 36 отсто од гласовите.

Еден процент помалку би добила и АФД, која до оваа анкета имаше позитивен тренд и стигна до 11 отсто, за разлика од ланските 5 проценти.

Нема промена кај популарноста на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која има непроменети 25 проценти, додека партиите Левица и Зелени. сега уживаат еден отсто поголема доверба кај граѓаните од по 10 проценти.

Во врска со политката кон бегалците на канцеларката Меркел, Германците се длабоко поделени: 50 отсто од испитаниците не ја поддржуваат, а 47 проценти имаат пофалби за односот кон бегалците. На крајот на јануари, 54 отсто од испитаниците беа критични кон бегалската политика на Меркел.

Најпопуларен германски политичар во моментов е министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер со индекс 2.0 на скалата од минус пет до плус пет, а по него следуваат министерот за финансии Волгфанг Шојбе со индекс 1,8 и Меркел со оценка 1,1.

Речиси 59 проценти од испитаниците ја поздравуваат одлуката за контрола на германските граници, додека 39 отсто се противат на новите гранични мерки.

Во врска со интеграцијата на бегалците, 54 проценти се сомневаат во таквата можност, додека 41 отсто веруваат во тоа.

Анкетата „Барометар“ се спроведува секој месец на примерок од околу 1.280 германски гласачи.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија