Анкета: Мнозинството Французи очекуваат социјални немири

Од:

Според најновата студија на францускиот Институт за истражување на јавното мислење, 70 отсто Французи оценуваат дека во државата може да има социјални немири во краток рок.

Во истражувањата во 1988 и 2009 година, иста оцена имале 64 и 66 отсто Французи. Прецизно – 19 отсто испитаници сега сметаат дека социјалните немири се извесни, додека 51 отсто оценуваат дека се можни.

Исто така, според резултатите во категоријата работници, поголем е бројот на оние кои очекуваат социјални немири односно 81 отсто (11 осто повеќе од просекот) додека кај слободните професии и раководечки кадри тоа очекување е на ниво од 57 отсто испитаници. Голем број симпатизери на десницата предвидуваат немири – 80 отсто, во однос на 54 отсто кај левичари, што е спротивен резултат во споредба со оној од 2009 година кога приврзаници на левиџата предвидувале социјални немири.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано