Претседателката на францускиот екстремно десничарски Национален фронт (ФН), Матин Ле Пен ќе победни на регионланите избори во северниот дел на Франција во декември 2015, покажува испитувањето на јавното мислење на агенцијата Ифоп.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, според анкетата, Марин Ле Пен во првиот круг од регионланите избори во регионот Пикардија-Норд-Па-де-Кале ќе освои меѓу 34 и 35 отсто од гласовите, пред Ксавие Бертран од конзервативната партија Републиканци, која ужибва поддршка од 28 до 30 проценти.
Ако социјалистите и левите радикали настапат заедно тие ќе добијат меѓу 28 и 30 проценти од гласовите, а ако одат одвоено. социјалистите ќе добијат само 17 остсо, додека еколозите и зелените, исто како и комунистите по 5 процнети.
Во вториот круг Ле Пен би останала на истото ниво од гласови – 35 отсто, додека Бертран би добил пет процнетни поени повеќе, односно до 33 осто, а кандидатот на социјалистите и радикалите Пјер де Сентињон 32 проценти.
Многу други испитувања на јавното мислење го даваат Националниот фронт на Марин Ле Пен, како партија која ќе освои најмногу гласови во многу региони на Франција.