Анкета: Индивидуализмот е закана за социјалното единство на Франција

Од:

Французите имаат многу ниско мислење за социјалното единство во нивната земја, кое според нив е во опсаност од индивидуалистичкото однесување, а постоечката економска криза уште повеќе ги нагласува поразите во општеството, покажуваат денеска објавените резултати од една анкета спроведена во Франција.

Осуммина од 10 испитаници сметаат дека социјалното единство се распаѓа, се наведува во извештајот на Истражувачкиот центар за проучување и набљудување на условите за живот.

– Чувството дека се живее во поделено општество не исчезнува во последните три години, констатираат авторите на истражувањето.

Учесниците во анкетата одговориле дека индивидуализмот е најлош за социјалното единство (32 отсто), потоа дискриминацијата по различни основи (16 проценти), невработеноста (14 отсто) и сиромаштијата (11 проценти).

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина