Анкета: Германците за физичко дистанцирање, но не и за забрана за излегување

Од:

Студија направена од Универзитетот Манхајм покажа дека Германците драстично го смениле начинот на живот во време на кризата со коронавирусот.

Утврдено е дека зачестеноста на средбите со пријатели во последните неколку недели е значително намалена.

Пред да се воведат рестриктивни мерки, 42 проценти од Германците се среќавале со други луѓе неколку пати неделно, а меѓу 25 и 31 март само пет проценти од нив го сториле тоа. Дури 69 проценти од Германците решиле да не се среќаваат со своите пријатели воопшто, во согласност со барањето на Владата за физичко растојание.

Од друга страна, постои критичко расположение кон ограничувањето на движењето.

Само 41 процент сметаат дека е прифатливо ограничувањето за излегување од дома.

Студијата, исто така, покажува дека околу 60 отсто од Германците продолжуваат да работат во нивните компании и само 21,2 проценти преминале на работа од дома.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски