Анкета: Филипинците го поддржуваат претседателот Дутерте во војната против нарко-бандите

Од:

Анкета спроведена на Филипините покажа дека девет десеттини од граѓаните ги поддржуваат методите што претседателот Родриго Дутерте ги применува во неговата борба против шверцерите со дрога.

Спроед анкетата, спроведена од агенцијата Пулс Азија, три четвртини од Филипинците рекле дека знаат оти безбедносните сили ги стрелаат трговците со дрога без судски процес.

Се смета дека околу 3.900 лица биле убиени во досегашниот тек на кампањата на претседателот Дутерте, кој отворено најави дека без милост ќе се справи со нарко-бандите.

Според Дутерте и филипинската полиција, сите убиени досега биле вооружени дилери на дрога кои се спротиставувале на полицијата.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски