Анкета: Една третина од жителите на Сена-Сен Дени тврдат дека се жртви на дискриминација

Од:

Една третина од жителите на парискиот департман Сена-Сен Дени изјавија дека во изминатите пет години биле дискриминирани поради нивното „потекло“ или нивната „боја на кожата“, покажуваат резултатите на анектата на „Харис интерактив“, јави дописникот на МИА.

Над 80 отсто од анкетираните веруваат дека бојата на кожата, религијата и местото на живеење се главните фактори на дискриминација во овој департман, кој е најсиромашен во европскиот дел на Франција.

Во изминатите пет години, 28 отсто од испитаниците изјавиле дека биле дискриминирани поради нивното живеалиште. Оваа бројка изнесува 43 проценти за лицата на возраст од 18-24 години.

Истражувањето исто така укажува на дискриминација во различни области како што се полицијата, правосудниот систем, вработувањето и домувањето. Така, 81 отсто од испитаниците „сметаат дека во Сена-Сен Дени луѓето се дискриминирани од полицијата и правосудниот систем. Ова мислење го делат речиси 90 отсто од младите“, се истакнува во студијата.

Анкетираните имаат „многу големо очекување“ од јавните власти, така 95 отсто од нив сметаат дека воспитување е „најдобар начин“ во борбата против дискриминацијата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата