Анкета: Чешката Влада најчесто оценета со тројка

Од:

Речиси половина од Чесите во најновата анкета на агенцијата СТЕМ/МАРК, на скалилото од 1 (најдобро) до 5 (најлошо) ја оценуваат Владата на Чешка со оценката три, јави дописникот на МИА од Прага.

Дека работата на владиниот Кабинет заслужува најдобра оценка, единица, сметаат 1,5 проценти од анкетираните, додека за 13,5 проценти Чеси, Владата не би добила преодна оценка, туку петка.

Најчесто, 46,7 проценти од испитаниците, сметаат дека работата на Владата, по претходниот наведен систем на оценување заслужува тројка.

Според последното истражување, мнозинството Чеси (67 проценти) сметаат дека чешката владина коалиција ќе остане на власт и оваа година. Спротивното го мислат околу една четвртина од испитаниците (27 посто).

Во анкетата, исто така се гласаше и за личност на годината и највеќе гласови, 15 проценти, доби министерот за финансии Андреј Бабиш, за претседателот на државата Милош Земан гласале седум отсто, а за премиерот Бохуслав Соботка два проценти од анкетираните.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница