Анкета: ЦДУ стандардно најсилна партија во Германија

Од:

Демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел стандардно се најсилната партија во Германија, за која, ако изборите би биле в недела, би гласале 40 отсто од Германците, додека за најголемата опозициска Социјалдемократска партија (СПД) би гласале 29 проценти.

Либералите на вицеканцеларот Филип Реслер и шефот на дипломатија Гвидо Вестервеле, кои се актуелни коалициски партнери на Меркел, добија само четири отсто од гласовите, со што би останале вонпарламентарна партија.

Зелените, чиј лидер е поранешниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер би освоил стандардни 15 проценти од гласовите, Левицата – шест отсто, додека Пиратската партија би добила од еден до два проценти од гласовите.

Во таков однос на силите, демохристијаните би имале само 40 отсто од гласовите, бидејќи нивните партнери либерали не би успеале да влезат во Бундестагот, додека СПД и Зелените заедно би освоиле 44 проценти од гласовите.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија