Анкета: Бајден има предност од 10 отсто пред Трамп

Од:

Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, води со 10 процетни поени пред шефот на државата Доналд Трамп во однос на популарноста меѓу избирачите, се дознава од најновата анкета спроведена од истражувачката служба „Ју гов“, а нарачкана од телевизијата Си-Би-Ес.

Од анкетата, спроведена на точно осум недели пред претседателските избори на 3 ноември, се дознава дека за Бајден ќе гласаат 52 отсто од испитаниците, а за Трамп – 42 отсто. Околу три отсто изјавиле дека би гласале и за друг кандидат, а три отсто нема да поддржат никого.

Притоа, се дознава дека меѓу поддржувачите на Бајден 49 процети кажале дека ќе гласаат „главно против“ Трамп, а 32 отсто „главно“ поради тоа што им се допаѓа поранешниот потпретседател на САД.

Меѓу оние кои го поддржуваат Трамп, 73 проценти ќе гласаат “главно“ поради тоа што им се допаѓа актуелниот претседател, а 18 отсто поради тоа што не им се допаѓа Бајден.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски