Анкета: Американците помалку му веруваат на Трамп откако тој се зарази со коронавирусот

Од:

Мнозинство од жените, повозрасните лица и неопределените гласачи ја губат довербата во американскиот претседател Доналд Трамп за информациите што тој ги дава околу Ковид-19, откако самиот се зарази од вирусот, покажува најновата анкета на Аксиос/Ипсос.

Мнозинство од Американците ги отфрлаат идеите кои Трамп ги пласираше за хидроксихлоринот како лек за коронавирус, дека имунитетот на стадото (популацискиот имунитет) функционира или за скора можност за добивање вакцина.

Од анкетата се дознава дека осум од десет Американци се плашат дека зголемен број на заразени на локално ниво ќе предизвика нов карантин и затворање на бизнисот.

Три четвртини од испитаниците сметат дека одење на политички митинзи е ризично. Мнозинство од републиканците, или 54 отсто, 79 отсто од независните и 93 отсто од демократите, сметаат дека одењето на митинзи е ризично.

-Ова сугерира дека одлуката на Џо Бајден да не организира големи митинзи за да го заштити јавното здравје и себеси, нема да биде политички штетно за наго, анализира Аксиос.

Од друга страна, анкетата укажува дека Трамп може да ги изгуби гласовите на жените, повозрасните лица и независните, на две недели пред крајот на изборите, според расположението на јавноста на национално ниво и во „клучните“ држави.

Од анкетата се дознава и дека довербата на демократите во науката околу коронавирусот е обединувачки фактор за нив, додека претседателот Трамп ја губи општата доверба во однос на оваа тема, и треба да се бори да ја зачува базата, наместо да го прошири кругот на гласачи.

Исто, се дознава и дека помалку од републиканците би укажале на тоа дека вирусот може да се прошири без симптоми, или дека носењето маска ги ограничува инфекциите од лице на лице, или пак дека паузите во изработката на вакцината се поради безбедносни причини.

Маргинална грешка во резултатите на анкетата е +/- 3.3 отсто.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии