Анкара поставила ултиматум за повлекување на курдските сили од три области во Сирија

Од:

Турција побарала од Русија и САД да извршат притисок врз Сириските демократски сили предводени од Курдите, во рок од две седмици да се повлечат во од три области во северна Сирија, јави „Ал Џезира“ повикувајќи се на турски официјален извор.

Според извештајот, Анкара бара курдските милиции да го напуштат Манбиџ, Тал Рифат и Кобане или се заканува со воена операција против Сириските демократски сили поддржани од САД, составени претежно од Силите за заштита на народот (ПДФ) во кои доминираат Курдите, кои Турција смета дека е огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК). Изворот предупредил дека Анкара нема да се согласи на продолжување на определениот рок.

Како одговор на турските барања, според изворот, САД предложиле да се реструктуираат Сириските демократски сили, давајќи им на арапските сили поголема улога во администрацијата на трите града посочени од турските власти.

Но, Анкара вели дека контролата на групата на нафтените инсталации мора да биде прекината пред да се разговара за какви било предлози на САД.

Руската страна исто така поставила свои барања по однос Украина и ги поврзала со отстапки во Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он