Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв

Од:

Жена од Ланкашир, Англија, која е претепана од партнерот, а сега лицето и e непрепознатливо, објави фотографија од повредите.

Жената, која сака да остане анонимна, има повреди на мозокот и скршена вилица откако ја претепа Карл Мачин (44), кој го снимал бруталниот напад со својот мобилен телефон.

Таа, исто така, има оштетување на нервите и ткивото на лицето, модринки на двете очи како и на нозете, ребрата и грбот.

Таа изгуби неколку заби во нападот, има потрес на мозокот, а Мачин и го повредил левото око, поради што нејзиниот очен капак не се затвори правилно.

Жртвата побарала од полицијата во Ланкашир да објави фотографија од нејзините повреди за да ја покаже сериозноста на нападот и да ги охрабри другите жени, кои можеби се во слични врски да проговорат.

Нејзините повреди биле толку тешки што еден од полицајците кога ја видел целата крвава, помислил дека нејзината коса всушност црвена коса.

Мачин, од Блекпул, признал тешка телесна повреда со умисла и е затворен на седум години и два месеци. Доби и забрана да и се приближува на оваа жена.

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Маж ја истепа вонбрачната партнерка, но и нејзините две деца

Насилници грабнале 15-годишно момче и го снимале

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ