Англија: Отишол во затвор како маж, излегол како „плавуша“

Од:

Пеесет и шестгодишниот Метју Ричардсон пред 27 години убил шеесет и петгодишна проститутка, бидејќи му се смеела на начинот на кој се бакнувал.

Тогаш Ричардсон бил осуден на доживотен затвор, но во текот на отслужувањето на казната, започнал со хормонска терапија.

Благодарејќи на терапијата првиот слободен викенд го дочекал како Максин, плавуша.

Тој влегол во програмот за промена на пол, кој е овозможен на сите затвореници во Англија. Законот е донесен во 2011 година, и налага секој, вклучувајќи и затвореници да има право на операција на полот.

По земањето хормони и операција, која го чинела околу 45 илјади фунти, тој ќе замине во женскиот затвор.

Оваа вести ги разлути британските граѓани, бидејќи сметаат дека не е праведно затворениците да добиваат ваква нега, додека примерните граѓани се соочуваат со ризикот негата сами да ја плаќаат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

(ВИДЕО) Објавена снимка: Чувари претепаа затовреник во Америка, умре следниот ден