На изборите за локалниот парламент на германската сојузна покраина Мекленбург-Ворпомерн, владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) доживеа голем пораз од десничарско-популистичката Алтернатива за Германија (АфД).
Канцеларката Ангела Меркел доаѓа токму од оваа покраина.
Аналитичарите ова го коментираат како пораз на бегалската политика на Меркел.
Се очекува ЦДУ да се обиде да ги ублажи последиците на политиката на отворени врати на Меркел кон бегалците која и во самата коалиција ЦДУ/ЦСУ има многу критичари.
Меркел одбива да се изјасни дали на следните избори ќе се кандидира повторно. Се очекува тоа да го направи на партискиот конгрес на крајот на годината кога повторно ќе се кандидира за претседателка на партијата.