Ангела Меркел ја прифати оставката на Анет Шаван

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја прифати оставката на министерката за образование, Анет Шаван.

– Анета Шаван ми ја предаде оставката и јас со тешко срце ја прифатив – рече Меркел денеска на заедничката прес-конференција со Шаван.

Шаван ја поднесе оставката, откако пред неколку месеци е обвинета за плагијат на делови од нејзината докторска теза, која ја бранела во 1980.

Универзитетот Хајнрих Хајне од Дизелдорф, и ја одзеде титулата доктор минатата недела.

– Универзитетот во вторникот одлучи мојата докторска дисертација да ја прогласи за неважечка. Оваа одлука нема да ја прифатам и ќе поднесам тужба – изјави Шаван.

Таа рече дека не сака последиците за време на тужбената постапка да ги трпи нејзиниот кабинет, министерството, владата, ниту партијата Христијанско демократска унија на Германија, на која припаѓа припаѓа.

Ангела Меркел најави дека ќе ја замени Шавран со, Јоана Ванка која од 2010 година е министерка за култура и наука во германската покраина Долна Саксонија.

Поранешниот министер за одбрана Карл-Теодор Гутенберг во 2011 година поднесе оставка, бидејќи исто така беше утврдено дека неговата докторска дисертација е плагијат.

Статусот доктор на науки во Германија, високо се почитува и доколку некој ја поседува титулата, таа секогаш се истакнува за време на неговото претставување, наведува агенцијата Франс прес.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија