Ангела Меркел е личност на годината според „Тајмс“

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел е прогласена за личност на годината од влијателниот британски дневен весник „Тајмс“, пренесува ТАСС.

Британскиот весник ја истакнува улогата на Меркел за воспоставување дијалог меѓу Западот и Русија.

– Меркел е истакнат европски политичар и една од највлијателните жени во светот, пишува весникот.

Според „Тајмс“ Меркел се покажа како незаменлив посредник меѓу Истокот и Западот во изминатата година, кога односите меѓу двете страни беа затегнати до крајни граници за време на најопасната геополитичка криза од времето на Студената војна.

Ангела Меркел на 22. ноември 2005-та година стана најмладиот канцелар на Германија и прва жена на оваа функција.

Меркел ужива висок рејтинг, а Германците го сакаат нејзиниот мирен стил на управување и способноста да постигне компромис со политичките противници.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија