Андреј Турчак: Русија засекогаш ќе остане во јужна Украина

Од:

Русија засекогаш ќе остане во јужна Украина, изјави денеска рускиот парламентарец Андреј Турчак за време на посетата на градот Херсон, што е под контрола на Москва.

-Русија е тука засекогаш. Не треба да се сомневаме во тоа. Нема да има враќање во минатото, рече овој високи функционер на владејачката партија „Единствена Русија“.

„Ќе живееме заедно, ќе го развиваме овој богат регион, богат со историско наследство, богат со луѓето што живеат овде“, додаде рускиот парламентарец.

Турчак најави и отворање на центар за хуманитарна помош во Херсон, од каде ќе се доставува храна, лекови и основни потреби.

Француските медиуми коментираат дека е ова првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари, висок руски функционер да ги каже намерите на Москва за продолжување на нивното присуство на украинска територија.

Херсон беше првиот голем град што падна под ударите на руските сили од почетокот на нивната воена операција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите