Андреас Лубиц е копилотот кој го урна авионот на „Герман вингс“

Од:

Дваесет и осумгодишниот германски пилот Андреас Лубиц, кој копилотирал со авионот на компанијата „Герман вингс“, на летот 4У 9525, и намерно го соборил леталото, нема врски со тероризмот, објавува Фена.

Аероклубот „ЛТЦ“ на својот сајт наведува дека Лубиц живеел во германскиот град Монтабаур и во нивниот клуб се зачленил многу млад за да го оствари својот детски сон за летење.

„Тој го оствари својот сон, сон што го плати со својот живот“, додаваат од клубот.

Бил еден од најдобро оценетите пилоти на светот на квалификациските тестови и многу брзо по завршувањето на обуката почнал да работи.

Германски официјални претставници потврдија дека не постојат податоци за тоа дека на било кој начин е поврзан со терористички групи.

Лубиц од септември 2013 година бил вработен во компанијата „Герман вингс“ и зад себе имал 630 часа летачко искуство, изјави портпаролката на „Луфтханза“.

Како што пренесува „Тајм“, неговите сограѓани со познавале како „прилично тивко, но пријателски расположено момче“.

При вработувањето, во 2013 година, Лубиц ја минал психолошката проверка.

Минатата есен за последен пат заминал во родниот град кога требало да ја обнови дозволата за управување едрилица и тогаш „не покажувал никакви знаци што можеле да укажуваат на депресија“.

-Беше среќен заради својата работа во компанијата и добро му одеше. Отсекогаш одаваше впечаток на момче кое е задоволно, рече неговиот колега од клубот Петер Рекер.

Летечката дозвола за управување со едрилица Лубиц ја добил уште како тинејџер и набрзо бил примен во тренажната програма на „Луфтханза“ каде ја завршува една од најценетите и најстроги школи за пилоти во Германија.

Школувањето го завршил во Бремен, во летачката школа на „Луфтханза“”, која е „мајка-фирма“ на компанијата „Герман вингс“.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски