Анан: ОН не се одговорни за Сирија

Од:

Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан изјави дека за состојбата во Сирија не треба одговорноста да и се префрлува на ОН.

-Не треба да се заборави дека државите членки на ОН имаат ресурси и власт. Кога бев на функција се обаќав за помош, но протагонистите имаа свои гледишта, а доколку постои поделба на мислењето во СБ, тогаш мисијата не може да биде исполнета-нагласи тој.

Истакнувајќи дека она што се случува во Сирија претставува вистинска трагедија, Анан изрази надеж дека меѓународната конференција за Сирија, „Женева 2“ ќе се организира што поскоро.

Инцијатива за одржување на конференцијата, поднесоа Русија и САД, но се уште не е утврден датумот.

Зборувајќи за силите кои што во Сирија се борат против претседателот Башар ал Асад, поранешниот генерален секретар рече дека тие се поделени по политичка и воена линија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ