Амнести Интернешнл: Во Етиопија масакрирани повеќе од 100 цивили

Од:

Повеќе од 100 цивили се масакрирани во напад на вооружена група во западна Етиопија, соопшти Амнести Интернешнл (АИ).

Припадниците на заедниците Амхара, Оромо и Шинаша нападнаа села во регионот Бенишангул Гумуз во раните утрински часови, наведе АИ во соопштение.

Луѓето биле убиени со огнено оружје и ладно оружје, а куќите биле запалени.

АИ разговарал телефонски со петмина преживеани. Се верува дека бројот на најмалку 100 убиени цивили не е конечен. Мотивите за нападот се нетолеранција меѓу етничките заедници.

АИ ја повикува етиопската Влада да престане со насилството врз етничките малцинства. Тензиите меѓу етничките групи се зголемија со доаѓањето на премиерот Аби Ахмед на власт во 2018 година.

Во моментов во северниот регион Тиграј има конфликт меѓу Народниот ослободителен фронт Тиграј (ТПЛФ) и централната влада во Адис Абеба.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Етиопија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска