„Амнести интернешнл“ го обвини Израел за воени злосторства

Од:

Меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешнл“ (АИ) денеска го обвини Израел за воени злосторства за време на војната во Појасот Газа.

Во извештајот на АИ се наведува дека Израел покажал „безчувствителна рамнодушност“ во нападите врз семејните куќи во густо населените крајбрежни подрачја.

– Израелските сили убија голем број палестински цивили во нападите врз куќите полни со семејства, а во некои случаи извршени се воени  злосторства, се посочува во извештајот.

Според палестински и податоци на Обединетите нации за време на војната загинале повеќе од 2.100 Палестинци, меѓу кои поголемиот број цивили, додаке на израелска страна убиени се 66 војници и шест цивили.

Израелското Министерство за надворешни работи го отфли извештајот на АИ, истакнувајќи дека Организацијата „ги игнорирала воените злосторства на Хамас“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски