Грција и Саудиска Арабија го продолжија договорот со кој, Атина ќе продолжи да ја снабдува Саудиска Арабија со оружје, што наиде на критика на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнал“.
Тие наведуваат дека артилериските гранати, што Грција ги испорачува во Саудиска Арабија, може да се користат против цивили во Јемен, од страна на арапската коалиција во нападите против шиитските бунтовници.
Дел од грчките пратеници побараа укинување на договорот за испорака на оружје поради истите причини.