Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина

Од:

Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Добри вести од министерот (за одбрана) Умеров. Тенковите Абрамс се веќе во Украина и се подготвуваат да ги засилат нашите единици“, објави Зеленски на својот канал Телеграм, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина оваа недела. Украинскиот претседател минатата недела објави дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски