Американските ракетни комплекси „Патриот“ ќе бидат повлечени од Турција

Од:

Американските ракетни комплекси „Патриот“, распоредени во Турција од 2013 година, ќе бидат повлечени во текот на месецот, изјави портпаролката на Пентагон Лаура Сијл.

– Ние предвидуваме повлекувањето на ракетните комплекси за противвоздушна одбрана да бидат повлечени во октомври, посочи Сијл.

Вашингтон и Анкара во август го најавија повлекувањето на „Патриот“, кои беа распоредени во Турција под покропвителсво на НАТО во 2013 година, со цел да се заштити турската територија од ракети од Сирија.

САД повлекувањето антиракетниот систем го образложи со модернизирање на двете батерии со зенитни ракети „Патриот“. Пентагон наведе дека американските ракетни комплекси „Патриот“ повторно можат да бидат повторно распоредени за една недела во Турција во случај на потреба.

И Германија најави повлекување на двата зенитно-ракетни комплекса „Патриот“ од Турција.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак