Американскиот заменик-државен секретар пристигнува во посета на Украина

Од:

Американскиот заменик-државен секретар за јавна дипломатија и врски со јавноста Ричард Стенгл пристигнува денеска во Украина за да ги поддржи претседателските избори, закажани за 25. мај, соопшти Стејт департментот.

Стенгл во Киев ќе се сретне со претставници на украинските прозападни власти, цивилното општество и медиумите.

Неговата посета ја потенцира поддршката на САД за новата времена Влада, која работи на изградба на сеопфатен, транспарентен и демократски систем на државно управување, кој ќе одговара на потребите на Украинците, се наведува во соопштението.

Украина е првата етапа од турнејата на Стенгл низ Европа. Турнејата ќе трае до 16 мај и вклучува и посети на Летонија и Белгија.

Претходно САД отпуштија 11,45 милиони долари помош за поранешната советска република за организирање на нејзините претседателски избори.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите