Американскиот воен контингент во Јапонија ставен под режим на вонредна состојба

Од:

Командантот на американскиот воен контингент во Јапонија, Кевин Шнајдер, прогласи вонредна состојба за неговите војници во регионот Канто.

„Безбедноста на сите поврзани со вооружените сили на САД е наш приоритет“, се вели во соопштението, објавено денеска на официјалната веб-страница на контингентот.

Регионот Канто го опфаќа главниот град Токио и неколку околни јапонски префектури. Во него се сместени неколку американски воени објекти, вклучувајќи ја и воздухопловната база Јокота.

Локалните медиуми претходно информираа дека утре, Владата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе ќе воведе вонредна состојба во Токио и Осака.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски