Американскиот Претставнички дом го одобри нацрт-законот за изборни реформи

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа го изгласа нацрт-законот „Во интересите на народот“, што предвидува радикални реформи за заштита на правата на избирачите и зголемена безбедност на изборите.

Нацрт законот беше одобрен со 220 гласови „за“ и 210 „против“. Сите републиканци (двајца не беа присутни) гласаа против нацрот, а така гласаше и уште еден демократ.

Иницијативата е насочена кон тоа да се зголеми одзивот на избирачите преку разни начини, како раширување на предвременото гласање, поедноставна идентификација, да се одобри регистрација на денот на изборите. Исто така се бара државите да воведат автоматска регистрација на федералните избори за избирачи кои имаат право на глас.

Документот го проширува и пристапот на избирачите за гласање во отсуство и преку пошта, и ги изнесува основните правила за испраќање на гласачкото ливче и давање изјава преку пошта.

Овој нацрт закон претходно немаше шанса да помине и да стане закон, бидејќи републиканците кои го контролираа Сенатот, и нивниот лидер, Мич Меконел, го карактеризираа како „ужасен нацрт закон“ и одбиваа да го разгледуваат.

Сега, кога контролата во Сенатот е поделена еднакво, со еден глас плус за демократите, нацрт законот има шанси да се најде на работната маса на претседателот Џо Бајден за потпишување.

Би можело да ве интересира

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски