Американскиот брод „УСС Доналд Кук“ вплови во Црно Море, го набљудува руската Црноморска флота

Од:

Центарот за контрола на националната одбрана на Министерството за одбрана на Русија синоќа соопшти дека американскиот брод „УСС Доналд Кук“ опремен со наведувачки ракети, вплови во Црно Море, а неговото движење го следи руската Црноморска флота, согласно Конвенцијата од Монтро не може да остане подолго од 21 ден.

Со Конвенцијата регулирани се преминувањето и пловидбата низ теснеците Босфор и Дарданели. А мериканскиот разорувач не може да се задржи подолго од три седмици бидејќи бродот не припаѓа на земја која излегува на Црно Море.

Центарот за контрола на националната одбрана наведе дека американскиот брод ќе биде следен со електронски и технички средства.

Американската флота претходно соопшти дека „УСС Доналд Кук“, кој е опремен со наведувачки ракети поминува низ Дарданелите на пат кон Црноп Море за да „изврши операции за поморска безбедност и да ја зголеми регионалната поморска стабилност, комбинираната подготвеност и поморските капацитети на нашите НАТО сојузници и партнерите во регионот“.

На почетокот на месецот низ Дарданелите кон Црно Море помина бродот за истоварување „УСС Форт Мекхенри“.

Конвенцијата од Монтро е потпишана во 1936 година, во швајцарскиот град, а потписници покрај Турција, Велика Британија, Франција беа и поранешниот Советски Сојуз, како и поранешното Кралство Југославија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте