Американскиот амбасадор во Кина се повлекува од функцијата

Од:

Американскиот амбасадор во Кина Тери Бранстад се повлекува од функцијата, објави денеска државниот секретар Мајк Помпео.

Заблагодарувајќи се на Бранстад за неговата работа, Помпео на Твитер порача дека амбасадорот „придонел за балансирање на односите меѓу САД и Кина, да бидат ориентирани кон резултати, реципрочни и фер“.

Засега не се познати причините за заминувањето на амбасадорот, а кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека не е известено за неговата оставка.

Поранешиот гувернер на Ајова (73) на функцијата е од мај 2017 година, претставувајќи го Вашингтон во Пекинг за време на напнатите врски со Кина, обележани со трговски тензии, регионални територијални претензии, пандемија на коронавирус и немири во Хонг Конг.

Тој беше повикан од Пекинг во јуни откако американскиот претседателот Доналд Трамп потпиша закон со кој се отвора патот за санкции над Хонг Конг, акција што Министерството за надворешни работи на Пекинг ја нарече „грубо мешање во внатрешните работи на Кина“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак