Американски волонтер загина во Бахмут

Од:

Американскиот волонтер Пит Рид е убиен вчера во Бахмут додека им помагал на цивилите, се наведува во соопштението на хуманитарната организација Глобал Респонс Медицин, која тој ја основал.

„Вчера во Бахмут, Украина, беше убиен основачот на GRM, Пит Рид. Пит беше основата на GRM и беше извршен директор 4 години. Во јануари, Пит ја напушти GRM за да работи со Global Outreach Doctors на нивната мисија во Украина и тој беше убиен додека обезбедуваше помош“, се вели во објавата.

„Ова е моќен потсетник за опасностите со кои се соочуваат спасувачите и хуманитарните работници во конфликтните зони додека им служат на граѓаните фатени во вкрстен оган. Пит имаше само 33 години, но живееше живот во служба на другите, прво како одликуван американски маринец а потоа и во хуманитарна помош „ГРМ ќе се залага да го почитува неговото наследство“, се вели во соопштението.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент им ја потврди на новинарите „неодамнешната смрт на американски државјанин во Украина“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор